Хутите возвратија: нападнат американски носач на авиони

 

Јеменските Хути во петокот извршија ракетен напад врз американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ во Црвеното Море, се вели во изјавата дадена од портпаролот на групата Јахја Сари.

Сари тврди дека нападот бил одговор на нападите на САД и Велика Британија врз јеменските провинции Сана, Ходеида и Таиз.

Наводно, нападите биле насочени кон цивилната инфраструктура и доведоа до смрт на 16 лица и над 40 ранети.

31.05.2024 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега