И армијата напомош во скопски Чаир: Тешко се гасне пожарот

Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, соопштија од ЦУК.

Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата.

За потсетување, досега над 40 лица, меѓу кои12 деца побарале лекарска помош поради вдишување чад, а шест од нив се задржани на лекарска опсервација. 

02.10.2024 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега