И денес откажани и одложени летови од скопскиот аеродром
И денеска се откажуваат полетувања и слетувања од скопскиот аеродром. Авионите кои треба да заминат за Истанбул со Туркиш ерлајнс денеска нема да го напуштат аеродромот во Скопје.
Проблеми има и за патниците кои треба за слетаат во земјава. Според податоците од интернет страната на скопскиот аеродром, во моментов откажани се летовите од Фридрихшајн и Дортмунд со Виз ер како и два лета од Истанбул со Туркиш ерајнс. Според информациите од охридскиот аеродром, засега нема најави за откажани летови.
04.01.2023 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа