И оваа година ниту еден македонски Универзитет не се најде на Шангајската листа

Нема ниту еден македонски Универзитет во првите 1.000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во светот, попознато како „Шангајска листа“.

На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.

Од регионот, Универзитетот во Белград е меѓу 401-500 место.

Универзитетот во Загреб се најде на истото место како и белградскиот, додека универзитетот во Љубљана е на 501-600 место.

На листата се најдоа и шест грчки универзитети.

Освен од Македонија, на листата нема ниту еден универзитет ниту од Албанија, како и од Бугарија.

Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година.

Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.

26.08.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега