Ибрахимовиќ потврди: Го победив коронавирусот

Златан Ибрахимовиќ денес и официјално потврди дека го победил коронавирусот.

39-годишниот напаѓач беше откриено дека е заразен со коронавирус на 24 септември, заедно со Лео Дуарте, а 15 дена подоцна Ибра преку социјалните мрежи потврди дека го победил коронавирусот.

Ибрахимовиќ сега може да излезе од карантин и од утре ќе се врати на редовните тренинзи во тренинг кампот на „росонерите“.

Ова е добра вест за Милан бидејќи готово сигурно Ибра ќе биде спремен за дербито со Интер, кое на програмата е на 17-ти октомври.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега