Идеална активност за после часови: Прв колеџ за средношколци што ги подготвува вашите деца за факултет и претприемништво
По напорниот училишен ден, активностите после часови играат важна улога во развојот на младите, а како родители сигурно знаете дека вашиот средношколец често знае и залудно да го „троши“ своето време. Веројатно и сте размислиле за активност која може навистина да му помогне да се развие и да се подготви за иднината. NU Колеџот ја пополнува токму таа потреба, обезбедувајќи уникатна воншколска програма што ги поттикнува средношколците да ги истражат своите таленти и интереси, истовремено подготвувајќи ги за идните академски и професионални предизвици.
Овој колеџ нуди интерактивни работилници кои им овозможуваат на учениците активно да учат преку работа на реални проекти и во динамично опкружување. А, дали знаете што поточно е овој NU Колеџ? Подолу ви приложуваме неколку клучни карактеристики.
- 80% практична настава – Реално искуство за реални успеси
Учење преку работа или „креирај, па учи“. Ова е методот на NU Колеџот, каде учениците поминуваат 80% од времето во практична настава. Водени од искусни ментори, тие ќе работат на вистински проекти за вистински клиенти, со што вашето дете не само што ќе стекне знаење, туку и ќе го применува директно, развивајќи уникатни решенија и вештини што веднаш можат да се искористат во реални ситуации.
Благодарение на ваквиот пристап, учениците ќе ја искусат реалната динамика на пазарот уште од средношколските денови и ќе стекнат пракса и знаење кои се клучни за нивната идна кариера.
- Програми за програмирање, дизајн и инфлуенсери, дизајнирани со помош на вештачка интелигенција (AI)
NU Колеџот ги воведува учениците во иднината преку користење на вештачка интелигенција (AI). Програмите кои се нудат се Веб програмирање x AI, Графички дизајн x AI и Инфлуенсер маркетинг x AI, а она што ги врзува сите 3 се токму AI алатките кои го збогатуваат учењето и ќе им помогнат на учениците побрзо и поефикасно да ги совладаат потребните вештини. Со оваа технологија, вашето дете не само што ќе биде подготвено за иднината, туку и ќе стекне знаења кои се во чекор со глобалните трендови. Програмите ќе им овозможат на средношколците практично да ја применат вештачката интелигенција и да ја користат на паметен начин и во своја полза.
- Шансата за заработка уште во средно училиште
На NU Колеџот, вашите деца нема да бидат само ученици – ќе имаат можност да бидат вистински претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери. Преку практична работа на реални проекти за вистински клиенти, тие можат да заработат од својот труд. Овој пристап несомнено ќе го мотивира секој ученик да вложи повеќе, но и ќе му помогне да изгради работни навики и финансиска независност уште во средношколските денови. Барем за џепарлакот нема да треба повеќе да се грижите.
- Ментори кои учењето го прават забавно и инспиративно
На NU Колеџот, вашите деца ќе работат под водство на ментори кои ќе станат нивните нови омилени наставници, па и пријатели. Тие се искусни професионалци во своите области, кои низ интерактивните работилници ќе го комбинираат теоретското знаење со своите реални искуства и успешни приказни. Нивната мисија е да ги објаснат и најкомплексните концепти на поедноставен и интерактивен начин, кој пак на учениците ќе им го направи учењето забавно и лесно разбирливо. Преку редовен конструктивен фидбек менторите ќе ги инспирираат вашите деца да се соочат со вистинските предизвици, но и ќе ја поттикнат нивната самодоверба која ќе им биде неопходна за академски и професионален успех.
- Уште нешто многу важно: Акредитирани програми со меѓународна вредност
Како родител сигурно многу ќе ви значи и тоа што програмите што ќе ги изучува вашето дете се акредитирани, односно обезбедуваат вредност признаена од некои од водечките европски институции. Секоја програма е изработена според стандардите на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), што значи дека вашите деца ќе стекнат знаење со меѓународна акредитација.
Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се всушност на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование. Со комплетирање на некоја од шестмесечните програми на NU Колеџот, учениците ќе добијат еквивалент на кредити од еден предмет кои ќе можат да ги искористат на некои од врвните универзитети од соседството и од Европа со кои NU Колеџот веќе остварува соработки. Ова им дава значителна предност на учениците на NU при прием на високообразовни институции.
- Кој, кога, каде, зошто?
NU Колеџот е создаден од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“, со мисија да направи револуционерна промена во образованието за средношколци. Со NU, „Бреинстер“ ја презема одговорноста да ја прошири перцепцијата на младите за можностите кои им се на располагање и да ги поттикне да го достигнат својот најголем потенцијал кој ќе ги води кон создавање на сопствен бизнис.
NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места. Можат да се пријавуваат средношколци од прва до четврта година.
Практичните програми траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела.
Програмите ќе бидат достапни за учење од училница или online, а сите заинтересирани можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа