Идеи за подароци за Денот на вљубените

 

Секој ден е за љубов и секогаш треба да се слави, но официјално месец февруари е месец на љубовта. 14. ден во месецот е значаен датум за сите парови, за оние кои се во брак или штотуку ја заочнале својата љубовна романса. Сите нив ги поврзува една заедничка работа, а тоа е што да му подарат на партнерот за Денот на вљубените. Со желба да ви помогнеме, ви нудиме листа на некои потенцијални подароци за Валентин.

Чоколада за слатка врска

Медени срца како подарок за Валентајн, може да биде добар избор, бидејќи покрај тоа што се рачно изработени, носат и лични пораки. Направени во форма на срце, што е симболично за Денот на вљубените. На секое парче може да напишете по некоја реченица или по некој збор, па кога сето тоа ќе се спои во една кутија, да направат реченица што сакате да ја пренесете на вашиот партнер. Кутијата украсете ја со панделка. Бомбониерите и рачно изработените пралини се исто така добар избор. Како и со медените срце тако и пралините можат да содржат порака која ќе биде напишана на самите чоколада. За слатките закуски не треба да зборуваме, затоа што никој не може да остави рамнодушен. За нијанса погоре, можете да изберете и торта во облик на срце со омилениот вкус на вашиот партнер.

Аудио и видеоматеријали

Подарок кој ќе трае подолго од чоколадата и кој ќе остане прекрасен спомен. Размислете за изработка на ваши заеднички слики од патувања, родендени, забави, во огромен број. Купете убав фотоалбум и направете фотоалбум со смешни коментари. Овој подарок за Валентин сигурно ќе го воодушеви вашиот партнер. Може да направите и колаж од неколку фотографии, кои ќе ги вметнете во некоја добра рамка. Овој подарок секогаш ќе биде добар потсетник за моментите што сте ги поминале заедно. За оние кои се во долга врска и имаат многубројни заеднички доживувања кои се снимени на камера или телефон, можат сето тоа да го искористат и да направат видеопрезентација. Во тоа може да ви помогне некој кој се разбира во монтажа, иако денес и паметните телефони имаат програми за монтирање, па можете да се обидете.

Масажа и масажер

Подарок кој дефинитивно вашиот партнер ќе го цени е оној кој ќе му помогне да се релаксира. Во месецот февруари актуелни се понудите за масажа за парови, а вие тоа можете да искористите како подарок за Валентин. Ова дефинитивно ќе биде изненадување за вашиот партнер, но и можност за заедничко уживање. Долгорочно решение е да купите масажер, кој секогаш ќе му биде при рака на вашиот партнер. Со оглед на тоа што се мали и практични лесно може да се понесе на некое патување, на работа, па дури да се користат по напорен тренинг. Единствениот недостаток е што не можете да уживате заедно. Затоа проценете што е најдобро за вас.

Патувањето е секогаш добар избор

За секој празник, така и за Денот на вљубените, нашите агенции нудат широк избор на занимливи места, за кратки патувања. Вашиот партнер можете да го одведете на некое патување, на кое ќе се задоволите еден со друг. Идејата е наша, а реализацијата ваша. Искористите го секој момент да уживате заедно.

10.02.2022 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега