Падна правно лице и управител на фирма од Свети Николе: Пронајдени 56 килограми неевидентиран канабис и други неправилности

 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од Свети Николе - одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела по  член 95-5 став 1. и член 95-6 с од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При контрола во правното лице во февруари 2025 година во содејство на полициски службеници од ОВР Свети Николе, Одделението за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи - Скопје и Министерство за Здравство, било утврдено дека во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги бил констатиран вишок на произведен неевидентиран сув цвет од канабис во количина од 56 килограми.

 

Исто така, во ќеса покрај сеф-собата за чување на готов производ билапронајдена марихуана, додека во една од халите бил пронајден  делумно изгорен сув цвет со нето маса од 254 грама, кои не биле пријавени. Одговорното лице во правното лице било должно да ги евидентира и пријави сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

 

24.06.2025 - 16:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега