ИДФ уби повеќе од 50 палестински напаѓачи околу болницата „Ал-Шифа“
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека убила повеќе од 50 палестински вооружени лица во текот на изминатиот ден во борбите околу болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа.
„Во текот на изминатиот ден при размена на оган беа елиминирани повеќе од 50 терористи, а беа лоцирани терористичката инфраструктура и магацини за оружје.
„Од почетокот на операцијата повеќе од 140 терористи се елиминирани во болничката област“, се вели во соопштението, а пренесува „Ројтерс“.
Армијата соопшти дека продолжува со своите „прецизни оперативни активности во болницата ‘Шифа’“.
Нападот на најголемата болница во Газа почна во понеделникот, при што израелската војска го обвини Хамас дека ја користи за криење борци и планирање напади, а палестинските власти тврдат дека се пука врз цивили внатре во болничкиот комплекс.
Во исто време палестинските власти под контрола на Хамас објавија дека повеќе од 100 Палестинци загинале во израелските напади во Газа во последните 24 часа, пренесува „Ал џезира“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа