Има 107 години ама не се предава: Го победила коронавирусот, преживеала пандемија на грип и се излечила од рак
Тили Дибинг од Минесота, 107-годишна баба, го победи ковид-19 откако се разболе оваа есен, соопштија официјалните лица во старечкиот дом, каде живее од 2015 година.
Според неа, ова не е прва пандемија што преживеала. Родена во 1913 година, таа имала само пет години кога пандемијата на грип во 1918 година го погодила нејзиното семејство на фарма во Северна Дакота, објави Си-Ен-Ен.
За време на нејзиниот живот, Даибинг претрпела многу загуби, вклучително и смртта на неколку браќа и сестри во детството и сопругот во 1980-тите.
Таа исто така го победила ракот на матката на 95-годишна возраст.
Единствениот симптом на ковид-19, за кој Дибинг вели дека го имала, бил замор.
"Ништо во нејзините бели дробови. Тие рекоа дека нема треска. Само спиеше цело време", изјавила нејзината ќерка Сузан Бурк за Си-Ен-Ен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа