Имиња за машки деца со моќно значење - внимавајте како ги крстите децата
Ако е вистинита онаа латинска изрека дека името е знак, тогаш внимавајте кое име ќе му го дадете на своето дете.
-Александар - составено е од два грчки збора: глагол алексо и генитив од именката андрос, што значи заштитник, односно оној кој ги брани луѓето.
-Дејан - потекнува од старословенскиот глагол дејати што може да се преведе како делање, работење, односно дејан бил оној кој работи.
-Душан - се доведува во врска со именката душа и дух, но и осо црковниот празник Духови. Кога на дете ќе му се даде ова име, се претпоставува дека ќе биде со ведар дух и дека долго ќе живее.
-Константин - води потекло од латинскиот збор константинус, а значи постојан, цврст.
-Стефан - значи венец, круна
-Петар - потекнува од старогрчкиот јазик, оснодно значи петрос кој значи камен или карпа, па значењето на името е некој што стои цврсто како камен.
-Оливер - латинското потекло е изведено од зборовите Оливариус што значи маслинка.
-Марко - постојат два извори за значењето на ова име, според едното преводот би бил роден во март, а според друго потекнува од придавката мас, марис што значи мажествен.
Лазар - името е со хебрејско потекло и во превод значи дека Бог помага или оној на кој Бог му помага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа