Инцидент во Тиквешијата: Син го нападнал татко си со стаклен предмет

 


Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од кавадаречко.

Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил  дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет. 

-Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР - Велес.

16.05.2025 - 10:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега