Инфлуенсерка почина на 36 години - зад себе остави сопруг и четири деца
Американската инфлуенсерка Мила де Хесус почина на 36-годишна возраст. Според „Њујорк пост“, најверојатната причина за смртта е срцев удар.
Мила де Хесус се прослави кога пред шест години направи операција за слабеење по што доживеа целосна трансформација во изгледот. Таа почна јавно да зборува за своето искуство и да споделува фотографии пред и по операцијата, а на „Инстаграм“ има над 59.000 следбеници.
Таа е родена во Бразил, но живеела во Бостон. Пред само четири месеци се омажи за Џорџ Ковшик, а зад себе остави четири деца од претходниот брак.
Мила во јули објави дека боледува од псоријаза, кожна болест која предизвикува осип, а болеста зафатила 80 отсто од нејзиното тело. За ова зборуваше и јавно и даде детали за нејзината борба.
„Јас, Ана Клара, ја објавувам оваа тажна објава. Со голема тага ја примивме веста за смртта на нашата мајка. Ги цениме сите молитви и пораки со сочувство што ги добиваме. Продолжете да се молите за нас, благодарам“, напиша таа на официјалните профили на мајка си.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа