Исчезна скопјанец, бил договорен да се сретне со другар во Велес


Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него.

Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

13.04.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега