Исчезна скопјанец, семејството трага по него: Помогнете да го најдеме татко ми (ФОТО)

 

Вечерва околу 17 часот, во околината на населбата Карпош 4, е исчезнат 75-годишниот Блаже Поповски, а неговото семејство трага по него.


– Луѓе помагајте да го најдеме татко ми. Има деменсија, но си го знае името и презимето. Се вика Блаже Поповски. Го нема од 17 часот денеска. За жал за момент ѝ се отргнал од вниманието на мајка ми во околината на Карпош 4. Кој може нека сподели за да се обидеме да го најдеме. Облечен е во црни тренерки, со темна јакна. Ако го забележите ѕвонете на мојот мобилен телефон 072 307 850. Ви благодарам, стои во Фејсбук-објавата на неговиот син, Зоран Поповски.

07.12.2021 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега