Исклучиво премиум класа: Зетот на Орбан се подновил со 11 деловни згради во Белград

 

Форбс Србија пишува дека компанијата „Диофа фанд менаџмент“ купила повеќе деловни згради во Нов Белград, а фондот е дел од групацијата која ја предводи зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Иштван Тиборц.

Компанијата за недвижности „ЦБРЕ СЕЕ“ си објави дека со продажбата биле опфатени 11 објекти од премиум класа, со површина од 122.000 квадратни метри, во пет деловни парка: Грин харт, Фортиуан, Белград бизнис центар, 19 Авенју како и деловната зграда Хаус.

Диофа фондот е дел од БДПСТ групата која ја води Иштван Тиборц.

На сајтот на групата се наведува дека во 2022 влегле во логистичкиот сектор преку компанијата Ваберерс. Таа компанија во октомври минатата година објавила дека го презела мнозинскиот удел во српскиот дистрибутер МД интернешнал.

Според претходни извештаи, Диофа договорот за купување на деловните згради го постигнала пред неколку месеци со Индотек групата, која претходно тоа портфолио го купила од ГТЦ. Индотек е исто така унгарска компанија.

Форбс веќе неколку години го води Тиборц меѓу 40-те најбогати Унгарци, како и највлијателни, а откако во 2013 година се оженил за ќерката на Орбан, почнал и неговиот подем на бизнис сцената.

10.01.2024 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега