(ФОТО) Ѓорѓиевски за Илинден: Да ја браниме и унапредуваме оваа исконска земја

 

Вечен нека биде Илинден, вечна е Македонија!

На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и незнајни јунаци кои ги положија своите животи на олтарот на слободата, за Македонија да биде дом за својот народ, порача градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

„На 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажаа на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив.

Тој пламен продолжи да гори и преку Илинденците од 1944, за да се роди современата македонска држава.

А денес, ние имаме света должност - да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја.

Ние, нашата генерација.

Јас верувам во нашата генерација!

Македонија ќе живее, затоа што има горди синови и ќерки кои безрезервно ја љубат.

Честит и вечен нека е Илинден!“, стои во објавата на градоначалникот.

02.08.2025 - 12:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега