Испил премногу вода и починал- француската полиција отвори истрагга

 

Французин починал откако испил премногу вода, па затоа е отворена истрага во болница во одделот во Џиронд, каде починал.

Необичен случај се случил на 22 февруари во болницата во Кадијак, пренесува „Републиканскиот суд во Џиронд“.

Се сомнева дека станува збор за потоманија, состојба во која едно лице има нездрава и прекумерна потреба од пиење.

Полицијата започна истрага заради тој случај, а нарачана е и обдукција на починатиот.

Потоманија е патолошко невролошко заболување при кое е оштетен мозочниот центар кој ја регулира жедта. Како резултат, телото може да биде отруено кај луѓе кои пијат повеќе од 10 литри вода на ден, наведува „Фигаро“.

Бидејќи нивото на урина во организмот се зголемува како резултат на прекумерно внесување вода, бубрезите не успеваат, а поради прекумерна хидратација на клетките и пад на нивото на натриум во крвта, може да се појави едем на мозокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега