Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД

 

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпиша договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер.

Договорот предвидува 5 годишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн. 

Во името на американскиот универзитет договорот го потпиша нивниот претседател, д-р Хал Калоун.

На годинешната 14-та по ред Школа за млади лидери која ќе се одржи во октомври во Охрид, предвидено е да учествуваат пет студенти од овој универзитет, како и три професори во својство на предавачи.

За време на неколку дневната посета на Тајлер во Тексас поранешниот претседател Иванов се обрати и пред студентите на катедрата за политички науки на тема „Предизвиците на политичката наука во 21 век". Исто така оствари и средба со градоначалникот Дoн Ворен и други официјални претставници на градот Тајлер.

 

 

17.09.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега