Ужас ја потресе Македонија: Пронајден човечки труп при изведба на градежни активности во Штип
Утрово при изведување градежни работи на локацијата за изградба на Мега паркот иднина во Штип, бил пронајден труп. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или женски труп.
Локацијата каде е откриен трупот е поранешниот бунарски систем за снабдување со вода за пиење на Штип.
Трупот бил откриен за време на активностите на градежните машини на фирмата која работи на изградбата на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.
Во моментот се изведува увид од страна на полицијата и јавен обвинител.
22.02.2025 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа