Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски.
Ивановски објасни дека пругата Скопје-Кичево ќе биде реконструирана со фокус на животната средина и на екологијата така што ќе биде целосно електрифицирана со што загадувањето ќе биде значајно намален.
„Во овој момент постоечка железница постои кон Скопје преку Тетово-Гостивар до Кичево меѓутоа години наназад не е во функција, оваа делница ќе биде целосно реконструирана и притоа мислејќи на животна средина, на екологијата ќе биде целосно електрифицирана со тоа што загадувањето ќе го намалиме премногу“, рече Ивановски.
Ивановски потенцираше дека за година дена до две ќе има зрел проект со цел државата да може да тендерира и да отпочне целосна реконструкција од Скопје завршувајќи до Кичево со што рокот за завршување би бил во периодот од 2031-2032 година.
„Рокот за завршување на целата работа би бил некаде 2031-2032 поради тоа што градење на пруги е доста комплексна работа, не е само желба да се гради, меѓутоа има многу студии коишто претходно мора да биде изработени, да бидат направени, да се запази екологијата да се запази исплатливоста, да се одреди самата траса каде ќе се случува, тоа во соработка со европските банки се случува овој период со надеж дека некаде помеѓу година и пол две ќе имаме зрел проект и државата ќе може да тендерира и да почне целосна реконструкција од Скопје кон Гостивар-Тетово завршувајќи до Кичево“, истакна Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа