Иво Рангеловиќ: Секој нов ден без примирје ќе значи се поголем отпор на инвазијата
-Поради ваквата поставеност на работите, Западот практично ја пушта Украина низ вода во име на преродбата на постоечкиот либерален поредок и пропратните институции, чија што суштина беше во слободен пад. Тоа значи дека руската интервенција во Украина го враќа, на пример, НАТО и значењето на оваа институција повторно во живот. Неутралноста е се понеисплатлива, бидејќи не постои гарант за истата (тска резонира една Шведска, Швајцарија итн.). Најпластично кажано, Западот повторно доби причина да постои и опстои, вели Ранѓеловиќ во интервјуто за Прес24. Шрелевање на кризата во Балканот гледа само низ теоретија, бидејќи вели евентуална ескалација во безбедносната криза во БиХ не му оди во прилог на Белград со оглед на прогресот кој Србија го има во евро-интеграциите, како и врз динамиките на дијалогот со Приштина.
-Не треба да се исклучи и интересот на Хрватска во БиХ, која да не заборавиме е НАТО членка. Така што, постојат објективни и рационални пречки кризата во Украина да се прелие врз териториите на Балканот, вели Ранѓеловиќ за Прес 24.
-На Балканот постои сериозно руско влијание, особено во Бугарија и Србија. Разликата е во тоа што официјален Белград не го крие или негира тој факт. Кога станува збор за Македонија, Руското влијание е би рекол посредно. Со други зборови таквото влијание се одвива преку структури на Белград или Софија било тоа во политичка, културна или која друга социјална сфера во општеството. Но, Македонија никогаш немала или не искусила директна консолидација со нтересите на официјална Москва, потенцира Иво Ранѓеловиќ во интервјуто за Прес24, анализирајќи ги опциите за руското влијание на Балканот.
ПРЕС24: Многумина не очекуваа дека војната во Украина ќе продолжи повеќе од една недела но сепак Киев се уште пружа отпор. На што се должи тоа?
РАНЃЕЛОВИЌ: Отпорот на Киев е поткрепен со желбата и моралот кој се поврзува со спасување на татковината. Овој конфликт доби неочекувани размери и е сосема различен од руската воена интервенција во 2014та година. Згора на тоа, Украина добива поддршка преку сериозно наоружување, учество на доброволци, како и економски санкции кон Русија во досега невидени размери. Секој нов ден без примирје ќе значи се поголем отпор на инвазијата.
ПРЕС24: Она што моментално е најголем ризик е светската безбедност. Премногу калкулации и опасна реторика за нуклераното оружје сериозно го подгрева стравот од глобален конфликт. Што е овде пресудно, храброст светот да му се спротистави на Путин, или?
РАНЃЕЛОВИЌ: Не мислам дека светот е во алармантна состојба во поглед на безбедноста, бидејќи ниту една страна долж триаголникот Москва, Вашингтон, Пекинг не би се осмелила да влезе во воена конфронтација, особено не со неконвенционални оружја. Едноставно политичкиот калкулус не е исплатлив за такво нешто. Поради ваквата поставеност на работите, Западот практично ја пушта Украина низ вода во име на преродбата на постоечкиот либерален поредок и пропратните институции, чија што суштина беше во слободен пад. Тоа значи дека руската интервенција во Украина го враќа, на пример, НАТО и значењето на оваа институција повторно во живот. Неутралноста е се понеисплатлива, бидејќи не постои гарант за истата (тска резонира една Шведска, Швајцарија итн.). Најпластично кажано, Западот повторно доби причина да постои и опстои.
ПРЕС24: Паралелно со Русија на повидок се два нови конфликта. Кина во Тајван, Иран со Израел. Дали Москва, Пекинг и Техеран е новиот глобален сојуз контра западниот свет?
РАНЃЕЛОВИЌ: Јавноста многу наивно ја вметнува НР Кина во истиот геостратешки камп со Русија. Официјален Пекинг води исклучително вешта политика во поглед на тактиката, каде што преќутно ја поддржува Москва, но внимава да не биде втурната во санкциите од светот. Тешко е да се верува и дека Техеран ќе биде гласен во поддршката кон Русија, бидејќи официјален Техеран веќе преговара за олеснување на санкциите во замена за нафта за европскиот и американскиот пазар. Клучната улога ја гледам во делувањата на Израел бидејќи токму релациите на засегнатите страни со Израел го формираат Гордиевиот јазол за разврска на многу, па и на оваа геостратешка конфронтација.
ПРЕС24: И без сериозен глобален конфликт, по се изгледа на Балканот е можно прелевање на кризата. Дали по изборите во Србија, е можна безбедносна криза во Босна, конструирана преку Република Српска?
РАНЃЕЛОВИЌ: Шансите за такво нешто се во сферата на теорија. Евентуална ескалација во безбедносната криза во БиХ не му оди во прилог на Белград со оглед на прогресот кој Србија го има во евро-интеграциите, како и врз динамиките на дијалогот со Приштина. Не треба да се исклучи и интересот на Хрватска во БиХ, која да не заборавиме е НАТО членка. Така што, постојат објективни и рационални пречки кризата во Украина да се прелие врз териториите на Балканот.
ПРЕС24: Може ли Вучиќ таква состојба да искористи и за нов конфликт на Косово?
РАНЃЕЛОВИЌ: Интервенција во Косово при евентуална криза на Балканот ќе ја врати Србија суштински во минатото. Тешко е да се верува дека во 21виот век може да постигнете политичка цел преку војна. Дури и да сте Русија. Таквиот хипотетички развој на настаните ќе ја запечати позицијата на Србија надвор од ЕУ, што е всушност делување против националниот интерес на таа земја. Тука само би ги додал економските реперкусии кои би биле девастирачки. Засега, го исклучувам таквиот курс на настаните без разлика на изборите во Србија.
ПРЕС24: Колкава е гаранција членството на Македонија во НАТО дека овде нема да се отвори нова криза, особено што членството во ЕУ останува блокирано поради Бугарија?
РАНЃЕЛОВИЌ: Досега немало случај НАТО членка да биде безбедносно загрозена од надворешен фактор, затоа е многу тешко да се предвиди спротивното. Сепак, руската инвазија врз Украина и одговорот на НАТО дава легитимитет на сомнежот дали доколку членка како Македонија, Бугарија или Естонија на пример бидат безбедносно загрозени од земја како Русија, НАТО ќе одговори воено? Генерално, мислам дека нема простор за ескалација на безбедносната состојба во државава, особено не поради пасивниот интерес на Москва кон Македонија. Опасноста би ја упатил кон вакуумот кој се создава поради растот на евроскептицизмот, предизвикан пред се од делувањата на Брисел.
ПРЕС24: Многумина европски аналитичари одамна предупредуваа дека на Балканот има преголемо руско влијание. Тоа можеби не е видливо, но сосема јасно е дека е присутно вклучувајќи ја овде и Бугарија. Колку тоа руско влијание е реалност, а колку мит?
РАНЃЕЛОВИЌ: На Балканот постои сериозно руско влијание, особено во Бугарија и Србија. Разликата е во тоа што официјален Белград не го крие или негира тој факт. Кога станува збор за Македонија, Руското влијание е би рекол посредно. Со други зборови таквото влијание се одвива преку структури на Белград или Софија било тоа во политичка, културна или која друга социјална сфера во општеството. Но, Македонија никогаш немала или не искусила директна консолидација со интересите на официјална Москва.
ПРЕС24: На што се должат тогаш преголемите симпатии за Путин и Русија барем во македонската јавност на социјалните медиуми?
РАНЃЕЛОВИЌ: Во последно време, расте интензитетот на наклонот на јавното мислење кон Русија, пред се поради разочараноста кај јавноста од односот на ЕУ кон Македонија. Судбината на Украина, за жал, ја легитимизира ваквата реакција. Македонија е 17 години кандидат, со 12 позитивни извештаи од Брисел, но од сето тоа нема ниту датум за преговори. Тешко е да се побие кредибилноста на ваквата теза, но тешко е и да се соочиме со реалноста која под знак прашање ја става нашата објективна заслуга за влез во ЕУ. Тука пред се мислам на општествената состојба, а не на политичката.
ПРЕС24: Иако многу малку се пишува, сепак во оваа војна во Русија директно е вовлечена и православната црква. Речиси сите православни цркви, освен руската ја осудија воената инвазија. Можни ли се поствоени поместувања во Православниот свет?
РАНЃЕЛОВИЌ: Очигледно е силното влијание на политиката врз руската црква, оттаму и избегнувањето да се осуди руската инвазија. Останатите православни цркви природно е да ја осудат инвазијата бидејќи теолошката мисла не подразбира насилство. Во некои неформални изјави, една од овие цркви ја осуди одлуката да се регрутираат Чеченци кои ќе убиваат православен народ во Украина. Кризата во Украина може да придонесе за поместувања и своевиден раскол во црковните политики на православјето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа