Избил пожар близу Св.Николе - се проширил до бензиска пумпа

 

Доцна попладнево во близина на Свети Николе изби пожар на отворено кој се прошири помеѓу с. Кадрифаково и бензинската пумпа Мики Петрол, во правец на ветерниците спроти фабриката Агриа на ридови со висока трева и нискостеблеста шума. 

Во гаснењето на пожарот беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес како и едно од најдобрите доброволни противпожарни друштва во Р.С. Македонија, друштвото од Свети Николе, и екипа на Национални Шуми.

Околу 21.00 часот пожарот целосно е изгаснат, соопштија од ЦУК.

 

07.08.2023 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега