Избувна нов пожар во Македонски Брод - моментално активни се пет пожари

 


До 21:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор низ Северна Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а 18 се целосно изгаснати.

 

Активни пожари се лоцирани во:

  • Општини Василево, Радовиш и Берово: Пожар кај селото Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

  • Општина Македонски Брод: Три активни пожари – еден кај селото Грешница (мешана шума и сува трева), втор помеѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), и нов пожар кај селото Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева).

  • Општина Прилеп: Гори кај селото Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума).

 

Под контрола се шест пожари:

  • Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)

  • Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

  • Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)

  • Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

  • Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)

  • Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и ниска вегетација)

 

Целосно се изгаснати 18 пожари:

  • Општина Студеничани – с. Студеничани (ѓубре)

  • Општина Шуто Оризари – с. Визбегово (сува трева)

  • Општина Прилеп – с. Торајци (сува трева)

  • Општина Долнени – с. Горно Село (ниска вегетација)

  • Општина Струмица – с. Дабиле (стрниште и ѓубре)

  • Општина Гевгелија – с. Прдејци (ѓубре и сува трева)

  • Општина Кичево – населба Осој (ѓубре)

  • Општина Велес – с. Оризари (вегетација)

  • Општина Свети Николе – автопат Свети Николе – Штип (сува трева)

  • Општина Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и ѓубре)

  • Општина Куманово – с. Речица (сува трева)

  • Општина Куманово – кај ресторан Аркус (сува трева)

  • Општина Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)

  • Општина Липково – с. Оризаре (сува трева)

  • Општина Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)

  • Општина Брвеница – с. Теново

  • Општина Желино – с. Стримница (нискостеблеста шума)

  • Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)

Надлежните служби интензивно работат на терен на локализација и гаснење на активните жаришта, со оглед на високите температури кои ја зафатија земјата.

21.07.2025 - 21:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега