Изгубија од Јапонија и добија „полесен“ противник – Мароканците им ги чекираа картите за Мадрид
Мароко е во четвртфиналето по пенал-рулетот против Шпанија. Откако за 120 минути ниту еден фудбалер не успеа да ја затресе мрежата, пеналите го решија победникот на натпреварот.
Конечни 3:0, и по три удари Шпанците не успеаја да дадат гол. За Мароко стрелаа Сабири, Зијеш и Хаким, а Бенон не успеа да ја затресе мрежата.
Инаку, Шпанија го загуби последниот натпревар од групната фаза против Јапонија. Јапонците беа пријатно изненадување, но тоа што остави сомнеж за шпекулации е дека со пораз од „самураите“ Шпанија условно доби полесен противник, па наместо против Хрватска играше против Мароко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа