Излетаа два автомобили - четири лица итно пренесени во болница


Во текот на вчерашниот ден излетаа два автомобили при што повредени се четири лица.

Вчера во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18) од Кавадарци, констатирани во Градската општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Штип.

Исто така вчера во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

16.09.2024 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега