Почина скопјанец - му се слошило на работа, починал откако пристигнал во болница

 


Вчера во 12.32 часот во СВР Скопје од поликлиника во с.Кадино, скопско, било пријавено дека кај нив бил донесен Н.И.(63) од с.Марино, скопско, на кој, според пријавеното,  додека претходно извршувал работни задачи на објект во с.Марино, му се слошило и по пристигнувањето во поликлиниката починал, а од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

27.12.2024 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега