Излезена жица од градникот- одличен трик кој ќе ви помогне да се справите со оваа незгодна ситуација

 

Со градници, жицата често знае да излезе , особено ако се перат во машина за перење, но, ако ова ви се случи за време на прошетка или додека сте излезени, дневната влошка ќе ја спаси ситуацијата.

Ако носите градници со жица, сигурно сте ја доживеале оваа фрустрација - жицата излегла и повеќе не можете да го носите тој градник. Освен ако не сакате да ризикувате повреда или да си ја искинете маицата. Но, постои начин да се заобиколи и овој проблем. Може да помогне друг женски производ - секојдневна влошка

Поради својата самолепливост, таа е одличен соработник за овој проблем, и доволно е да се отсече само мал дел.Ќе го покрие местото каде што жицата излегува, и нема да имате чувство на непријатност. Единствениот проблем е што ќе мора често да го менувате, имајќи предвид дека со текот на времето ќе ја изгуби лепливоста, и сигурно ќе се извалка.

17.08.2021 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега