Измама со името на ФЗО: Граѓани добиваат лажни пораки
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на електронската пошта, од името на ФЗО.
Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.
Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР.
Фондот веќе го пријави случајот во МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа