Измама тешка 281.600 денари: Тројца мажи лажно нуделе градежни материјали по поевтини цени
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.
Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.
16.05.2024 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа