Израел именуваше амбасадорка во Турција

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Израел во Турција, Ирит Лилијан.

Досега Лилијан беше вршител на работите на Израел во Анкара од јануари 2021 година, и ова претставува голем чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји по четири години.

По победата на Бенјамин Нетанјаху на изборите минатиот месец, тој и Ердоган се договорија „да работат заедно за да создадат нова ера во односите поради почитување на заедничките интереси“. 

27.12.2022 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега