Македонија го одбележува Светскиот ден на здравјето
По повод 7 април - Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво организира свечен собир, каде најавени се обраќања на претседателот на друштвото, Горан Димитров, министерот за здравство Арбен Таравари, претставникот на Светската здравствена организација за Република Северна Македонија, Аким Али, како и на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев.
Од Македонското лекарско друштво информираат и дека на настанот ќе бидат врачени награди и признанија.
07.04.2025 - 07:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа