Израелско истражување: Какви нуспојави може да се појават по трета доза на „Фајзер“?

 

Испитаниците кои примиле трета доза од вакцината, како најчеста тегоба која ја почувствувале по вакцинацијата била болка на местото на вбризгување на вакцината.

Поголем дел од луѓето кои ја примиле третата доза од вакцината против коронавирус од компанијата „Фајзер“ почувствувале нуспојви кои се слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажало иницијалното истражување во Израел.

Израел пред 10-на дена започнал да нуди „бустер“ доза за луѓето постари од 60 години поради појава на високозаразниот делта сој.

Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, известила дека во неделата со трета доза биле вакцинирани и имунизирани повеќе од 240.000 луѓе.

Околу 4.500 луѓе кои примиле трета доза од 30 јули до 1 август одговориле на прашањето на истражувањето.

Поголем број од учесниците во истражувањето изјавиле дека во деновите откако ја примиле третата доза се почувствувале „слично или подобро“ во однос на примањето на втората доза, а 31 отсто пријавиле нуспојави - најчесто болка на местото на вбризгување на вакцината.

Околу 0,4 отсто од испитаниците пријавиле дека пателе од проблеми со дишењето, а еден отсто побарале лекарска помош поради една или повеќе нуспојави, пренесува „Hina“.

Водачот на истражувачкото одделение, Ран Балисер, изјавил дека резултатите, иако се „почетни и самопријавени“, дозволуваат споредување на нуспојави со втората доза, а сепак на крај се покажало дека во поголемиот број на случаи луѓето имале слични или помали симптоми по третата примена доза од вакцината.

 

09.08.2021 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега