Ја изневери додека беше бремена во осми месеци, па сега реши да му се одмазди (ФОТО)
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал кој во моментов игра на позајамица во Севиља се разведе од Мелани Да Круз три години откако се венчаа.
Оваа вест на Инстаграм ја сподели Мелани која на фудбалерот му роди син и ќерка, додека тој од претходниот брак има уште една ќерка.
-Понекогаш за да победите во трката морате да престанете да трчате. Обично не зборувам за својот приватен живот, но овој пат морам. Нема лесно раскинување, но тоа може да се направи со најголема почит и скромност од моја страна. Заеднички живот е долг пат и често исполнет со замки. Откажувањето не е дел од мојот карактер, но тука патиштата ни се разидоа. Скоро три години откако рековме „ДА“, но само љубовта не е доволна, напиша таа.
Инаку интересно е што фудбалерот ја изневерил таа додека се уште биле свршени и во осмиот месец од бременоста, но откако јавно се извини таа му прости.
-Сакам да се извинам на моите роднини, семејството и посебно на мојата свршеница поради штетата која ја направив во последните неколку месеци. Погрешив и ми е жал за тоа, веќе нема да се повтори, изјави Марсијал пред три години.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа