Ја поттикнува регенерацијата на кожата и ги елиминира брчките: Моќна маска за лице од само 3 состојки

 

Ако имате проширени пори или сакате да направите пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата, тогаш оваа маска е за вас!

Покрај тоа, маската ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност на кожата и ќе ја нахрани, што директно влијае на намалување на брчките на лицето. 

За припрема ќе ви биде потребно:

- половина шолја мед

- 3 супени лажички свеж исцеден сок од портокал

- 1 лажичка морска сол

Измешајте ги сите состојки во еден сад и маската е спремна за користење. Нанесете на сува, чиста кожа и оставете 15-тина минути да делува, а потоа измијте го лицето со млака вода. 

Како оваа маска делува на кожата?

Медот е богат со антиоксиданси и поттикнува регенерација на ткивата. Длабински ја храни кожата и го враќа нејзиниот сјај. Лимонската киселина од портокалот ќе го изедначи тенот и ќе ги ублажи сите флеки на лицето, додека морската сол е задолжена за пилинг и отстранување на мртвите клетки кои го нарушуваат блескавиот изглед.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега