Јакимовски ќе го бара гласот од граѓаните на гласачкото ливче со редниот број 3


Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевче Јакимовски ќе го бара гласот 
од граѓаните на гласачкото ливче со редниот број 3,соопшти  ГРОМ- Граѓанска Опција за Македонија.

„Граѓаните после децении лажна дихтомија имаат вистински избор на гласачкото ливче. Бројот три го означува третиот пат кој ќе го разбие лажниот бинарен избор помеѓу помалото и поголемото зло.

Гласот за бројот три означува глас за човек кој ветува борба, храброст и непокор.

Заокружувањето на бројот три ќе го означи новиот почеток за Македонија, ќе донесе нови  идеи и нова надеж на македонската политичка сцена

За прв пат во историјата граѓаните ќе имаат шанса да гласаат „За“ наместо „против“ како што беше примерот до сега. Нема веќе простор за курто и мурто на македонската политичка сцена. Граѓаните знаат дека со гласот „За“ Стевче Јакимовски гласаат за стабилност, искуство, знаење и суштински промени кои ненасушно и се потребни на нашата Македонија“, стои во соопштението на ГРОМ.

25.03.2024 - 16:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега