Јаневска: Родителите да не се секираат – асистенти ќе има

Учебната година почна без образовни асистенти, кои најверојатно во вторник ќе почнат со работа, една недела по почетокот на учебната година. Дотогаш дел од учениците кои работат со образовен асистент одат, а дел не одат во училиште.

Но, министерката за образование Весна Јаневска, уверува дека проблем со асистентите нема, туку проблемот е во училиштата.

– Проблем со асистентите нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи она што Министерството го работи во еден ден. Само им порачуивам на родителите да не се секираат. Тоа што сум го ветила и ќе го исполнам. Очекувам дека асистенти ќе има во вторник. Но, добро е ова сознание за да знаеме дека треба да посветиме многу внимание и на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме и менаџерите, директорите на училиштата, но и тимовите кои треба да ја преземат оваа активност. Следната година вакво нешто нема да се повтори, затоа што сега го имаме сознанието, родителите воопшто да не се секираа, ќе има асистенти – ветува Јаневска, денеска, одговарајќи на прашање по склучувањето партнерство со Групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.  

06.09.2024 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега