Јас сум Вања и сум дијабетичар 19 години: Две години чекам инсулинска пумпа - само ми велат списокот е долг

 
На социјалните мрежи се обрати 22годишната Вања Јованова, девојка која 19 години е дијабетичар. Таа во постот на социјалните мрежи вели дека две години чека инсулинска пумпа која и е неопходна, а од Министерството за здравство го добивала истиот одговор, дека списокот бил долг. Таа бара од надлежните од Министерството за здравство да го олеснат животот на дијабетичарите и да набават пумпи кои значително им го олеснуваат животот на дијабетичарите.
„Јас сум Вања и имам 22 години од кои 19 години дијабетичар. Со оваа болест живеам од мојата трета година. Поминав многу и убави, и тешки моменти, и ноќи во страв, и денови во болници.Пред 2 години во јануари 2023 година направив значителен чекор напред,поднесив барање за инсулинска пумпа која ми кажаа дека морам да ја носам и искрено беше тешко и требаше многу трпение и напори за неа и пред се храброст.Тука можам да се заблагодарам на мојот пред се успешен храбрар полн со разбирање кој се појави во момент кога најмногу ми требаше тоа е мојот доктор и после толку напор и веќе две години ме води низ оваа борба со целосна поддрша и посветеност и труд кој го вложува секојдневно.Животот со дијабетес е постојана борба.Тоа се ноќи без сон.
Секој мој ден почнува и завршува со борба. Борба со шеќерот, со бројките на апаратчето кои често се страшно високи, со непреспиени ноќи во кои се прашувам дали ќе го дочекам утрото. Многу мои денови завршуваат на инфузија, во болница, со исцрпено тело и ум додека телото ми се бори со високи гликемии кои достигнуваат и до 46 mmol/L.Животот со дијабетес не е само бројка на гликемија тоа се стотици боцкања, стравови, постојано прилагодување на секој залак и секој чекор. Тоа се планови кои пропаѓаат затоа што одеднаш морам да бидам на болнички кревет наместо со најблиските.Веќе две години чекам инсулинска пумпа и одам редовно во Скопје, на ендокринологија, чекајќи инсулинска пумпа.Секојпат одговорот е ист списокот е долг. Нема каде не се обратив но залудно одговорот е дека списокот е долг.Но мојот живот не е список. Тоа е борба која трае секој час, секоја минута. Моите доктори велат дека пумпата ми е неопходна. Таа би ми дала шанса да имам контрола, да живеам со помалку страв и болка.
Се надевам дека ќе дојде ден кога ова чекање ќе заврши, затоа што борбата е секојдневна, а времето не е на моја страна.Се надевам исто така и дека министерството ќе одговори и ќе ги превземе потребните постапки“, стои во објавата на Вања.

13.08.2025 - 19:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега