Јаневска: Средношколците од септември ќе имаат нови програми и нови учебници

 


Јавната расправа за концептот на средно образование сè уште трае. Затворен е само оној кој се спроведуваше преку информатичка технологија и се планираат дополнителни посети и средби.

Според министерката Венса Јаневска, има неколку интересни предлози, кои главно се однесуваат на зголемување на бројот на часови по секој предмет и додавање дополнителни предмети.

Јаневска најави дека МОН продолжува да работи на ова прашање и дека средношколците од септември ќе имаат нови програми, но и нови учебници за гимназијата, но Концептот ќе има рок од една година да се доработи и да биде усогласен со програмите на Европската Унија за нашите средношколци кои ќе го продолжат своето образование овде, а некои од нив и во странство, да се подготват на соодветно ниво за понатамошно образование.

13.02.2025 - 16:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега