Јанушев: Почеток на поактивна соработка со пријателска Естонија
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација Златко Перински и Стефан Андоновски денеска во Естонскиот парламент имале средба со Парламентарната група за соработка со земјава.
На средбата било разговарано за новите можности за соработка, поддршка и размена на искуства, како и за иницијативата за размена на добри парламентарни практики особено поврзани со финансирање на развојни програми, децентрализација и дигитална трансформација.
- Заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски разговаравме со г-дин Петер Тали, претседател на Комисијата за европски прашања и претседател на групата за пријателство со Македонија, како и со г-ѓа Анели Акерман, претседател на Комисијата за финансии и поранешен министер за финансии. Градењето блиски односи и континуирана комуникација со оваа група е од суштинско значење за поддршка и отворање нови можности за соработка, поддршка и размена на искуства. Разговаравме за иницијатива за размена на добри парламентарни практики, особено поврзани со финансирање на развојни програми, децентрализација и дигитална трансформација, објави генералниот секретар на Владата Игор Јнаушев на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа