Јапонска диета трае од 7 до 12 ден, го слабее и најголемиот стомак - го топи салото и го забрзува метаболизмот
Оваа диета добива се повеќе на популарност, а нејзиното основно правило е за појадок да јадете банани со чаша или две млака вода.
За појадок потребно е да изедете една банана, а максималното дозволено количество се четири банани секое утро.
Останатите оброци треба да бидат лесни, помали и почести. Посебно строги правила за остатокот од исхраната во текот на денот не постојат.
Јадете нормално за ручек и вечера, но не претерувајте. Оригиналната диета трае 7 до 12 дена.
Оваа диета добива се повеќе на популарност, а нејзиното основно правило е за појадок да јадете банани со чаша или две млака вода. И тоа е се!
Но, тоа и не е баш се, еве на што треба да внимавате:
КАФЕ – Дозволено е повремено да испиете незасладен чај или кафе, но се препорачува овие напитоци да ги избегнувате за време на диетата.
АЛКОХОЛ – Она што е важно е да го исфрлите алкохолот.
СЛАТКИ – Ако не можете без нешто слатко, каснете малку црно чоколадо и тоа најдоцна до 15 часот. Ако, пак, сакате солено, тогаш јадете пуканки со минимално количество масло и сол.
ВЕЧЕРА – Последниот оброк изедете го околу 20 часот, иако би било идеално да не јадете после 18 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа