Јасни знаци дека шеќерот го уништува вашиот организам - тивки симптоми на дијабетес кои не смеете да ги игнорирате
Дијабетесот ги оштетува малите крвни садови на бубрезите, срцето, очите, нервниот систем и капиларните мрежи на периферијата. Затоа, кога е недоволно лекуван, дијабетесот може да доведе до заболувања на срцето, кардиоваскуларни болести, мозочен удар, болести на бубрезите, слепило и оштетување на нервниот систем.
Кардиоваскуларните болести и мозочниот удар се два до четири пати почести кај лицата со дијабетес.
Пред да се дијагностицира болести, телото испраќа јасни сигнали со кои ве предупредува дека нешто не е во ред. Поради консумирањето храна полна со адитиви и рафинирани шеќери, бројот на заболени од дијабетес постојано расте.
Еве како не’ предупредува телото:
1. Зачестено мокрење
Честото мокрење е класичен симптом на дијабетес. Кај оваа болест, вишокот шеќер (глукоза) се насобира во крвта. Така бубрезите се принудени да работат повеќе од вообичаено за да го апсорбираат вишокот шеќер.
2. Заматен вид
Високото ниво на шеќер во крвта црпи вода од вашите ткива, вклучувајќи ги и оние од очните леќи, што доведува до проблеми при фокусирање на предметите и околината. Ако не се лекува, дијабетесот може да предизвика создавање нови крвни садови во очната мрежница и да ги оштети постоечките садови. Кај повеќето луѓе тоа не предизвикува проблеми со видот, но ако оваа состојба напредува, може да доведе до сериозни проблеми со видот и загуба на истиот.
3. Недостиг на концентрација
Кога на телото му недостига инсулин, не е во можност да ја регулира глукозата, што не му дозволува на телото да функционира нормално.
4. Сува уста
Поради високото ниво на шеќер и дехидратацијата како последица на оваа појава, се случува устата често да биде сува.
5. Раните потешко зараснуваат
Високото ниво на шеќер влијае врз нервите и ја забавува циркулацијата, како и способноста на телото да се избори со повреди.
6. Проблеми со стомакот
Сите што имаат проблеми со шеќерот во крвта, многу често се изложени и на овој проблем. Како последица на дијабетесот, се јавува надуеност на стомакот, болка и мачнина.
7. Замор
Многу фактори придонесуваат за ова, како и гореспоменатата дехидратација и неспособност на телото да апсорбира енергија од внесениот шеќер.
8. Зголемена жед
Високото ниво на шеќер ги форсира бубрезите да работат забрзано за да ја филтрираат големата доза на тој шеќер, а за да се оствари тоа, потребна е голема количина на вода.
9. Зголемен глад
Вашето тело ја претвора храната што ја јадете во глукоза, која вашите клетки ја користат како енергија. Но на клетките им треба и инсулин за да се изведе тој процес. Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, глукозата не може да влезе во клетките, а вие останувате без енергија. Поради тоа, луѓето што страдаат од дијабетес, а се’ уште не го знаат тоа, се гладни почесто од вообичаено.
10. Промена на кожата
Доколку забележите појава на пигментација на лицето, можно е да се работи за рани знаци на дијабетес. Освен тоа, појавата на темни делови на грбот и на рацете исто така може да бидат знаци.
11. Оштетување на нервите
Доколку почувствувате здрвување на раката или ногата без јасни причини, можно е да се работи за високо ниво на шеќер.
Кога треба да одите на доктор?
Ако сте постари од 45 години или имате други ризици за заболување од дијабетес, важно е да се тестирате. Кога болеста ќе се дијагностицира во рана фаза, постојат големи шанси да се одбегнат тешките последици што дијабетесот ги носи со себе, како што се оштетување на нервите, срцеви заболувања и други компликации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа