Јавна обвинителка остана без автомобил - намерно и го запалиле

Завчера во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, информираат од Јавното обвинителство.

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

– Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавното обвинителство на Република Македонија и Здружението на јавни обвинители го осудија ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност

23.02.2024 - 10:44
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега