Јелена Јованова: Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре

 

 

Македонската актерка, Јелена Јованова која живее во хрватската престолнина се огласи по страшниот земјотрес кој го погоди Петриња, кој се наоѓа на само 47 километри од Загреб.

Вели дека психички се оштетила за целиот живот.

-Живи и здрави сме! Психички се оштетив, ми се чини, за цел живот. Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре. Не можам на сите да  пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа. Страшно и жално за оние кои остаа без своите најмили и без кров на глава. Чувајте се. Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро, напиша Јелена на својот профил на Фејсбук.

Таа и по вчерашниот земјотрес, кој беше силен, но не и разорен како денешниот рече дека за 60 секунди се облекла и била надвор.

Zivi i Zdravi sme! Psihicki se ostetiv mi se cini za cel zivot! Tresese kako da nema kraj i kako da ke nema utre! Ne...

Posted by Jelena Jovanova on Tuesday, 29 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега