Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс - Се огласи по трагедијата
Јована Пајиќ е последната српска пејачка која имаше настап во дискотеката "Пулс" во Кочани, каде за жал во големата трагедија кога избувна пожар на 16 март, загинаа 59 лица меѓу кои и малолетници, додека околу 200 се повредени, а поголемиот дел од нив сеуште се на лекување во земјава, регионот и странство.
Јована се огласи за српскиот портал "Блиц" по повод големата трагедија: - Местото е дискотека, не е некој шатор па така лесно да избие пожар. Ужасно е ова што се случи, навистина сум потресена. Не се сеќавам кога настапував дали имаше поголема пиротехника, која би можела да предизвика пожар, вели Јована.
Лично нејзиниот впечаток бил дека клубот "Пулс" е убав клуб.
Инаку, фотографиите на Инстаграм страната на дискотеката од настапот на Јована Пајиќ, се објавени на 6 март.
Кобната ноќ на 16 март, настап во клубот имаа ДНК. За жал животот го загуби поголемиот дел од бендот, а Панчо е сеуште на лекување.
По големиот пожар се отворија многу прашања. Владата прогласи седумдневна жалост.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа