Јована Јоксимовиќ носи детаљ кој ја прави постара

 

Водителката Јована Јоксимовиќ (42) води утринска програма веќе со години наназад во соседна Србија и е препознатлива по својот природен изглед и стил на облекување.

Насмевката е она сепак што и е заштитен знак секој ден без разлика дали приватно е расположена или не.

Како и многупати, таа и овој пат се најде на тапет на новинарите, па порталите во соседството пишуваат за еден чуден детаљ на нејзиното тело според возраста која ја има.

Имено додека таа објави селфи од огледалото во телевизиската гардероба, медиумите пишуваат како на нејзините раце изгледаат постаро поради црниот лак кој го има на ноктите, а истиот прави рацете да и бидат како на постара жена, иако е на прагот на петтата деценија од својот живот.

Сепак таа добро ја негува кожата на своите раце и лице, па така да не може да се забележи ниту еден траг на старост.

20.03.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега