ЈП Градски паркинг - Скопје: Граѓаните за Велигденските празници ќе имаат бесплатна паркинг
Во текот на Велигденските празници граѓаните нема да плаќаат за паркирање на зонските пакиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
-Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година, соопштија од претпријатието.
Посочуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа