Како да го победите "новогодишниот" мамурлак

 

Мамурлак е знак дека претходната ноќ сте претерале со алкохолот, за што постојат големи шанси и вечерва, но наместо да се каете и нервирате, обидете се да го намалите. Еве неколку проверени начини за борба против мамурлак:

Што да јадете? 

 

 

Подобро се спречи отколку да се лечи. Алкохолот ни ги одзема витамините Б и Ц од телото, па пред да почнете да пиете внесете храна богата со овие витамини, житарки, компири, банани, лути пиперчиња, киви, брокули, јагоди и портокали. Млекото исто така помага во апсорбирањето на алкохолот, а коктелите кои содржат сокови на пример џус-вотка, ви пружаарт хранливи состојки и додека пиете.

Што да пиете? 

Со оглед дека дехридрираноста е основна причина за мамурлак, испијте една чаша вода меѓу секоја чашка алкохол. И колку и да сакате филџан кафе наутро, обидете се да го избегнете бидејќи тоа е диуретик, она што ве тера да мокрите и уште повеќе да дехидрирате.

Кој лек да го земете? 

На упатството на аспиринот ќе прочитате предупредување да не се зема ако пиете премногу. Меѓутоа, тоа се однесува на тие кои пијат секој ден. Ако не сте еден од нив, ова предупредување може да го игнорирате. – Алкохолот во телото ослободува хемикалии како што се простагландин кој поттикнува воспаленија. Тие така не ослободуваат од болка. Аспиринот е инхибитор на простагландинот па вие сами заклучете – вели Мишел Девенпорт, од одделот за исхрана и диететика при Универзитетот во Њујорк.

Како да го исфрлите отровот од организмот? 

Преголемиот внес на алкохол предизвикува оксидативен стрес и воспаленија. Противотрови? Овошје и зеленчук како што се боровинки, домати, цитрусно овошје, спанаќ и брокули. Зелен чај исто така е добра замена за кафе и ќе ви даде енергија. Две златни правила: свежата храна секогаш е подобро решение од суплементи. И нека биде што поразновидна.

Витамин Б6 

Премногу алкохол доведува до губење на витамин Б6 кој е многу важен за метаболизмот на црниот дроб, значи јадете грав, лосос и банани, или изматете се заедно во шејк.

Внесете доволно калиум 

Храна богата со калиум ќе ви помогне во борба против мамурлакот, бидејќи алкохолот не ја одзема само водата од организмот туку и електролитите. Затоа направете добра ужинка со банана или салата од свеж спанаќ.

Смирете го стомакот со ѓумбир

Мамурлакот често го вознемирува стомакот па напијте се чај од ѓумбир кој можете сами да го подготвите.

За појадок природен сок

Алкохолот ќе го намали нивото на шеќерот во крвта, па со хранлив појадок, испијте една чаша сок од портокал за да внесете повеќе природен шеќер.

Излезете на чист воздух

Чистиот воздух ќе ве закрепне и ќе ви помогне да се отрезните од претходната ноќ. Исто така, малку вежбање на отворено е добро за организмот. Така дополнително ќе го ослободите хормонот ендорфин и ќе го подобрите расположението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега