Како да помогнете некому ако има депресија?

 

Терминот депресија честопати се користи погрешно, односно за да опише моментално лошо расположение. Неретко може да слушнете како некои личности се жалат дека се „во депресија“ само поради тоа што се растажиле за одредена случка или едноставно се разбудиле истоштени и со ниска енергија.

Еве како можете да ѝ помогнете на депресивна личност:

  1. Прифатете дека депресијата е сериозна болест и не ја игнорирајте. 
  2. Убедете ја дека ѝ е потребна стручна помош. 
  3. Информирајте се – колку повеќе знаете, толку повеќе можете да помогнете.
  4. Бидете на нејзина страна и не ја осудувајте/критикувајте.
  5. Сослушувајте ја, наместо да ја затрупувате со совети. 
  6. Зачувајте го оптимистичкиот став и не ги поддржувајте нејзините песимистички изјави.
  7. Не се плашете да ја прашате дали има самоубиствени мисли. 
  8. Дајте ѝ ја својата љубов и поддршка. 
  9. Понудете ѝ практична помош. 
  10. Мотивирајте ја да ви се придружи во вежбањето или пешачењето. 
  11. Станете ѝ партнер во лекувањето. 
  12. Не се дистанцирајте од неа. 
23.09.2021 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега