Како да се дојде до пасош: Доцнат и тие по брза постапка
Иако се нарекува брза постапка и чини околу 4000 денари повеќе од редовната, таа сепак не е брза. Граѓаните кои се решиле на овој начин да извадат пасош, кој во моментов е и единствениот едноставно не можат да го направат тоа во рокот кој го пропишува законот. Иако за 100 евра, колку што плаќате за пасош по брза постапка, исправата треба да ја добиете за 48 часа по сликањето, денеска, оние кои се сликале пред два дена не можеле да си го подигнат пасошот
„Се уште не се готови ниту пасошите за тие што се сликале на 18 февруари“ – велат вработените кои имаат полни раце работа, бидејќи по информацијата дека нема доволно обрасци, сите граѓани кои сакаат пасош во пократок рок одат по брза постапка.
Закажувањето за сликање е посебна голгота. Ако сега успеете да добиете и закажете брза постапка, терминот ќе ви биде некаде на почетокот на летото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа